Приготвување: 30 мин., печење: 40 мин.
Ви предлагаме да приготвите вкусен оброк со мелено месо, кој дефинитивно ќе стане чест дел од вашето мени.
СОСТОЈКИ:
300 г мелено говедско месо
300 г мелено свинско месо
2 лажици лебни ронки
1 јајце
1 лажичка сол
малку црн пипер
2 гранчиња свеж магдонос
1 лажичка мешан сув зачин
на врвот на лажичка лук во прав
250 г макарони
200 г кашкавал
4 лажици маслиново масло
ПРИГОТВУВАЊЕ:
- Сварете ги макароните „ал денте“, измијте ги со ладна вода и процедете ги.
- Во подлабок сад, соединете го меленото месо. Додајте лебни ронки, сол, црн пипер и јајце.
- Додајте ситно сечкан магдонос, мешавина од сув зачин и лукче во прав. Добро промешајте за да се изедначи смесата.
- Ставете алуминиумска фолија врз поголема чинија. Врз неа распоредете го месото со раце, врз месото ставете проѕирна фолија и со сукало развлечете ја смесата во правоаголник со димензии 25х30 см.
- Отстранете ја проѕирната фолија, а врз месото распоредете ги макароните. Нарендајте кашкавал врз нив, па со помош на фолијата, завиткајте го месото во ролат. Оставете го половина час во ладилник.
- Отстранете ја фолијата, префрлете го ролатот во огноотпорен сад и прелијте го со маслиново масло.
- Печете во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.
- Откако ќе се излади, исечете го ролатот на парчиња со дебелина од 2 см и послужете го со салата по желба.