Започна Профемина 2021: Посетителите побрзаа да си го зафатат своето место, а конференцијата се отвори со разговор за имунитетот!

Инфекциите се предизвик - здравјето е цел

Профемина 2021 започна со студија на случај поддржана од ESENSA

Вратите на хотелот Double Tree by Hilton се отворија во точно 10.00 часот за посетителите на петтото издание на регионалната конференција „Профемина 2021“ во организација на магазинот „Убавина и здравје“.

Пред официјалниот почеток на настанот, гостите имаа можност да ги посетат изложбените штандови на поддржувачите на „Профемина 2021“ и да се освежат со пијалаците на Refresh – партнерите Jaffa и Franck. Не пропуштија ни да се регистрираат при влезот за да учествуваат во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta и други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје.”

Во точно 10.30 часот, посетителите побрзаа да си го зафатат своето место и Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“ свечено ја отвори „Профемина 2021“. По кусата најава на она што може да го очекува публиката, конференцијата можеше да започне со првата студија на случај со наслов „Инфекциите се предизвик – здравјето е цел“, поддржана од ESENSA.

Јована Стојменовиќ ги покани на сцена врвните експерти Д-р сци. Александар Сајковски, специјалист, неонаталог во клиничката болница „Аџибадем Систина“, Елизабета Симонче, бренд-менаџерка за „Есенса“, Септима и Деспина Алексовска, комерцијален работник на „Есенса“, Септима.

Се дискутираше за важноста на добриот имунитет за отпорноста на организмот од болести и за навиките што можат да ни помогнат во неговото зајакнување. Најпрво, д-р сци. Сајковски го потенцира значењето на витаминот Д за здравјето на организмот, а Деспина Алексовска објасни како производот DevitinD3 може да помогне во оваа цел.

Потоа, акцентот беше ставен на важноста на цинкот и неговото значење за здравјето, особено за машкото здравје.

„Цинкот е навистина волшебен дел од имунитетот. Сепак, имунитетот треба да го гледаме како една интегрална целина. Внесувањето витамин Д и цинк е една компонента од неговото зачувување. Други компоненти се внесувањето витамин Ц, пробитоски и други елементи. Денес, гледаме како млади луѓе умираат од канцери и се прашуваме зошто. Живееме во време во коешто повеќе се труеме одошто го одржуваме имунитетот. Купуваме производи што не се богати со витамини и минерали, туку со пестициди и конзерванси. Тоа е главната причина за нарушен имунитет“, предупредува д-р Сајковски.

Докторот потоа додаде и други препораки и совети за зачувување на имунитетот:

„Важно е да се одржува здравјето на цревата. Внимавајте што јадете и како јадете. Немојте непотребно да земате лекови и да им давате антибиотици на децата. Одржувајте хигиена на носната празнина“.

Д-р Сајковски ги спомена благотворните ефекти на минералните соли, а Алексовска се надоврза откривајќи нешто повеќе за придобивките од редовната примена на спрејот со морска вода Marisol.

Студијата на случај заврши со осврт на неколку истражувања кои ја докажуваат моќта на бетаглуканот и препорака за користење на сирупот и капсулите Immuno Beta, наменети за деца и за возрасни.

Беа доделени и три пакети со производи од Esensa – д-р Сајковски ги извлече среќните добитници, по што следуваше кратка пауза за време на која сите посетители можеа да поразговараат со докторот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.