Ролатот-сарма е кралица на трпезата: Секој што ја пробал, заборава на традиционалната верзија!

Се прави за миг, а вкусот е неспоредливо подобар

Мора да го пробате ролатот-сарма – ќе ви стане омилен оброк по првото залаче

Фантастичната сарма приготвена на овој начин е толку неодолива што веднаш ќе заборавите на традиционалната. Вкусот маѓепсува, задолжително мора да ја приготвите и пробате – сигурно нема да се покаете!

Состојки:
  • 2 кг зелка или една главица
  • 700 г мелено месо
  • 200 г сварен ориз
  • 2 главици кромид
  • 2 црвени пиперки
  • 1 врзоп магдонос
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • црвен пипер
  • 1 јајце
Приготвување:

Издлабете го коренот на зелката и ставете ја главицата во зовриена вода да се свари. Во водата ставете лажица сол и две лажици оцет.

Исечкајте магдонос и додајте го во меленото месо. Потоа, во смесата додајте и ориз, како и ситно исечкан кромид. Потоа, иситнете две црвени пиперки и додајте ги во филот, па зачинете по вкус. Додајте и едно јајце за да се поврзе смесата и сето тоа добро измешајте го со рака.

Доколку користите помасно месо, нема потреба да ставате масло, освен ако не користите попосно месо, како пилешко или телешко.

Кога ќе го приготвите филот, одвојте ги листовите од зелката и извадете ги деловите со корен од нив.

Во садот каде што ќе се готви ролатот може да ставите и зеленчук по избор, а во овој рецепт се користат 2 пиперки, домат и кромид.

Наредете листови зелка, ставете го филот со месо одозгора, па завиткајте го како ролат.

Покријте сад со хартија за печење, покријте го ролатот со алуминиумска фолија и печете го на 200 степени околу 30 минути.

Потоа, премачкајте го со изматено јајце со малку масло и вратете го во рерна уште 15-20 минути да се потпече.

Еве како Турците прават сарма: Никогаш не би ви паднало ова на памет, но вкусот е фантастичен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.