Трикови на професионалецот: Бојадисување на косата во домашни услови

Бојадисувањето на косата е еден од најлесните, но и најефектните начини да го освежите својот изглед. Но многу жени не се осмелуваат на овој чекор дома – поради потенцијалните катастрофи.

Кога станува збор за посета на фризерскиот салон, или цените се превисоки, долго се чека, а позитивниот резултат од бојадисувањето не е секогаш загарантиран.

Од друга страна пак, бојадисувањето во домашни услови може да остави трајна трага на вашата омилена облека, а може да се случи и да излезете од дома со боја а ла зебра!

Значи, потребни ви се професионални совети за бојадисување на косата! Еве што ве советува мајсторот за убава и негувана коса, Владимир Трајковски.

Владимир Трајковски, сопственик на „Ателје Трајковски“

Ако ве загрижуваат… ГОЛЕМИТЕ ТРОШОЦИ

Распрашајте се за цените за бојадисување на косата во вашиот град. Ако првпат се бојадисувате, изберете искусна фризерка и не жалете да платите и малку повеќе пари. Следното бојадисување (на израстокот) може да го направи и некоја друга фризерка, во салон со пониски цени, а можете и вие дома. За подолго одржување на сјајот на бојата еднаш неделно применете го овој трик: по миење и употреба на регенератор, косата измијте ја со чаша вода во која сте додале лажичка јаболков оцет. Потоа уште еднаш измијте ја косата со вода (мирисот на оцетот сосема ќе исчезне!).

Ако ве загрижува… ВДИШУВАЊЕТО АМОНИЈАК

Денешните бои за коса не содржат амонијак, така што можете да ја избегнете оваа непријатност. Со овие нови формули освен што нема да вдишувате амонијак, тие се и помалку штетни за косата.

 Ако ве загрижува… ОШТЕТУВАЊЕТО НА КОСАТА

Семиперманентните бои за коса се понежна алтернатива. Тоа помалку го оштетуваат влакното, бидејќи не продираат во подлабоките слоеви. Ако сепак сакате да примените трајна боја, можете да употребувате препарати што содржат хидрирачки состојки, особено оние што содржат масла. Исто така, еднаш неделно ставајте маска на косата, а пред бојадисувањето косата испрскајте ја со заштитно средство.

Ако ве загрижува… ХАОСОТ

Клучна е соодветна подготовка за бојадисување. Облечете стара памучна маица што ќе ја носите само кога се бојадисувате. Покријте ја површината на која ќе ја мешате бојата, а садот држете го со стара крпа, кеса или со весник. Пред да почнете со постапката, прочитајте кои реквизити ви се потребни –  четка, чешел, огледало, ракавици. Сега можете да ги испробате и боите во пена, кои се многу попрактични, бидејќи нема капење и прскање!

Фото: Getty Images

Направи сама! Применете ги овие четири чекори кога се бојадисувате дома и успехот во е гарантиран!

 1 Направете мала проба Пред бојадисувањето, нанесете од бојата на „скриено“ перче (зад увото) за да проверите дали е тоа бојата што ја посакувате.

2 Заштитете ја косата За да не ја обоите кожата, втријте малку вазелин во линијата на растот на косата и, се разбира, носете ракавици!

3 Правилно нанесувајте ја бојата

Насочете го апликаторот од шишенцето со бојата кон темето. Бојата нанесувајте ја од коренот кон краевите, а потоа исчешлајте ја косата.

4 Мерете го времето Наместете аларм ако е потребно. Почекајте да помине назначеното време во упатството за бојадисување. Потоа измијте ја косата со млака вода.

У&З-предлог: суперекономична боја за коса Super Kay 180 мл

Зошто да купите мегапакување на боја за коса од италијанскиот бренд SUPERKAY?
Затоа што заштедувате најмалку -20% од која било боја за коса достапна на пазарот.

Уште поважни причини зошто да ја одберете:

✔️ СУПЕР 56 ВИСОКОПОКРИВНИ БОИ
Основни нијанси, огнени тонови и неон-нијанси

✔️ СУПЕРПАКУВАЊЕ 180 МЛ, РАЗМЕР 1:2
Крем боја за коса 180 мл + хидроген 360 мл = 540 мл смеса

✔️ СУПЕРСЈАЈНА И ЗДРАВА КОСА
Збогатена со хидроген што омекнува и ја прави бојата интензивна и сјајна

✔️ СУПЕРЗАШТИТА СО ULTRAPLEX
Специјално прилагодена формула, за да ја одржи косата здрава

✔️ СУПЕРКВАЛИТЕТ: ЦЕНА
5-7 боења на коса од една иста туба

Доколку сакате да нарачате боја за коса од италијанскиот бренд SUPERKAY, кликнете ТУКА.

Фото: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.