5 докажано најштетни намирници за човечкото здравје: Со текот на времето предизвикуваат непоправлива штета!

Откажете се од нив што побрзо

Фото: Getty Images

Нашите обожавани преработени месни производи науката ги смета за карциногени од прва класа!

Колку и да внимавате на исхраната, постојат големи шанси некои од најпопуларните, но и најнездравите намирници, одвреме-навреме да завршат во вашиот стомак.

Имено, науката докажала дека некои намирници, што често ги сметаме за потполно безопасни, можат со текот на времето да му предизвикаат непоправлива штета на вашето здравје.

Ако сакате да останете здрави, науката советува што порано да ги исфрлите следниве намирници од исхраната!

1. Преработено месо

Иако можеби мислите дека сочната сланина или колбасот не можат да ви наштетат, експертите велат поинаку.

„Сланината, колбасите и другите преработени месни производи, како салама, се сметаат за крациногени од прва клас“, објаснува интернистот Дејна Симплер од Медицинскиот центар Мерси во Балтимор и додава:

„Во просек, секоја година умираат околу 50.000 луѓе од канцер предизвикан од консумацијата на црвено месо и преработени месни производи.“

Во 2015 година, Светската здравствена организација потврди дека преработените месни производи можат да предизвикаат рак.

2. Десерти полни со шеќери

Ако секоја вечер јадете понекој десерт или чоколадо, постои голема шанса серозно да си го нарушите здравјето. Со ваквата храна, мозокот едноставно не добива многу енергија, па го форсира телото премногу да работи, изложувајќи го на стрес и преоптоварувајќи го на клеточно ниво.

И ова не е единствената штета што може да ја направи ваквата храна.

„Кога внесувате многу шеќери, клетките стануваат отпорни на инсулин, што може да доведе до инсулинска резистенција, состојба што доведува до сериозно оштетување на клетките кои го преработуваат шеќерот“, објаснува неврологот Шерзај.

Освен што е чекор до дијабетес, оваа состојба може да предизвика и оштетување на артериите кои водат до мозокот.

3. Оброци од микробранова рерна

Ако јадете оброци подгреани во пластични садови, не му правите услуга на вашето здравје. Колку и да е оброкот здрав, ако се загрева во пластика, ќе изедете и штетни соединенија, кои се ослободуваат за време на загревањето на храната, вели нутриционистот Алиша Галвин. Најопасно соединение е БПА.

Истражување објавено во 2015 година во стручниот магазине Medicine во Балтимор дошло до докази дека БПА може да биде причина за производство на канцерогени клетки во дојките и простатата.

4. Чипс

Преполн со празни калории и штетни јаглехидрати, а покрај тоа и пржен во длабоко масло, не е ни чудно што чипсот се наоѓа на овој список.

„Покрај големата количина на најлошите јаглехидрати, со чипсот внесувате и огромна количина на масти и соли“, вели нутриционистката Лиса Ричард.

Заситените масти и соли од чипсот придонесуваат за развој на срцеви заболувања, а со редовно консумирање и видно ќе се здебелите.

5. Бел леб

Не e само пресолената храна единствен виновник за скок на крвниот притисок, истото може да го направи и белиот леб. И додека повеќето луѓе знаат дека белиот леб е полн со шеќери и јаглехидрати, она што не можат да го сфатат е дека овој производ содржи и многу сол, што негативно влијае врз крвниот притисок.

Едно истражување од 2018 година, објавено во стручниот магазин Nutrients, открила дека луѓето кои јадат едно или повеќе парчиња бел леб неделно изложени се на 39 отсто поголем ризик од развој на висок крвен притисок во споредба со луѓето кои јадат бел леб три пати месечно или поретко.

Онколозите никогаш не ги јадат овие намирници: Ако сакате да имате добро здравје, заборавете на оваа храна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.