Кристина (23) има 11 деца: „Не знам колку ќе бидат на крај, не планираме да застанеме!“
Сака да има големо семејство
Сите деца носат гени од двата родитела, но само првата ќерка Кристина ја родила сама
Млада мајка од Русија се грижи за дури 11 деца, но со помош на сурогат мајки сака да добие уште!
Кристина Озтурк (23) толку многу го обожава семејниот живот со сопругот, бизнисменот Галип Озтурк (56), што парот е подготвен да потроши 1,5 милиони долари на сурогат-мајка.
Најстарата ќерка Вики, Кристина ја родила сама пред 6 години.
View this post on Instagram
„Другите деца се генетски од мене и сопругот, но ги носеа сурогат-мајки“, раскажува младата мајка.
Најмладото дете на парот е 11-месечното девојче Оливија.
„Не знам колку ќе имаме на крајот, но со сигурност не планираме да застанеме на 10“, рекла младата милионерка.
„Не сме подготвени да зборуваме за конечна бројка.“
View this post on Instagram
Парот живее во градот Батум во Грузија, каде што легално е да се користат сурогат-мајки во бременоста, а секоја од нив чини околу 8.000 евра.
Кристина, родена во Москва, била самохрана мајка кога одморала во приморскиот град и го запознала сегашниот сопруг Галип, бизнисмен со потекло од Турција.
View this post on Instagram
Наскоро започнале врска, а таа поради него се преселила во Батум, каде што сега уживаат во семејниот живот.