Не станува збор за Доналд: Еве на кого Меланија Трамп му го честита празникот на љубовта (ФОТО)

По само 1 објава заработи 2 милиони следбеници

На денот на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, Меланија Трамп поднесе оставка не само на должноста на прва дама на земјата туку го напушти и службениот инстаграм-профил @flotus, кој традиционално го „наследува“ следната прва дама.

Истиот ден отвори свој личен, прв инстаграм-профил @melaniatrump и веднаш доби околу 2 милиони следбеници и тоа само по една објава на него.

Изгледа дека со пристигнувањето на кинеската Нова година Меланија одлучила својот профил да го развие во добротворни цели – во знак на поддршка на своето ново работно место. Станува збор за фондацијата „Биди најдобар“, основана на иницијатива на самата Трамп, која има цел да им помогне на децата.

Затоа честитките на Денот на вљубените од бившата прва дама, која сега не живее во снежниот Вашингтон туку на топлата Флорида, се покажаа посеби. Можеби во приватниот амбиент 14 февруари му го честита на сопругот Доналд Трамп, но јавно честитката им ја посветина децата што во текот на овие три години ги запозна на својата положба во текот на посетата на Националниот институт за здравје.

Фото: Getty Images, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.