Вложила 10 долари во бизнисот, а сега заработува милиони: Најпознатата балканска блогерка сè што ќе допре претвора во злато!

Сигурно сте чуле за Тамара Калиниќ!

Најпознатата блогерка на Балканот и една од најпознатите во светот!

Фармацијата ја заменила со влогерство, камера и инфлуенсерски живот. На почетокот многумина ѝ замериле што остава сигурна работа поради нешто во коешто само таа верувала, но неколку години подоцна, слободно може да каже дека била во право за секоја нејзина одлука.

Многу девојки од нашите простори би сакале да го живеат нејзиниот живот. Таа меѓу првите ја сфатила моќта на социјалните мрежи и последниве неколку години заработува милиони од своите објави. Постојано присуствува на модни ревии, а познатите креатори имаат само пофални зборови за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Тамара на Инстаграм ја следат околу милион луѓе, но ова не било нејзиниот сон кога била девојче. По вокација, Тамара е фармацевт и по школувањето почнала да работи во аптека. Секоја пауза за ручек ја користела за да биде на компјутер, да објави по некоја фотографија и да се врати на работа.

На пријателите тоа им било забавно, родителите мислеле дека тоа е минливо хоби, но потоа таа почнала сериозно да заработува од блогот и ја напуштила работата во аптека. Денес живее во Париз, каде што се преселила од Лондон поради љубов, но многу често е на различни краеви во светот, па куферот и авионот се нејзини постојани придружници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Во 2019 година се нашла и на листата на 100 најдобри инфлуенсери на Times. Додека одговарал на прашањата од нејзините следбеници, сакала конечно да стави точка на сите приказни за тоа дека родителите ѝ помогнале да оствари успешна кариера. Открила дека луѓето постојано ѝ замеруваат за тоа нејзините родители се богати, иако таа изградила кариера од свои пари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

„Кога почнав да се занимавам со ова, родителите не ми помагаа финансиски. Кога првпат го започнав блогот, вложив само 10 долари и купив домен за веб-сајт. Сестра ми купи фотоапарат и ме фотографираше. Тоа е сè што е потребно за овој бизнис. Во тој период работев како фармацевтка и ја трошев целата своја плата на авионски карти и патувања на модни ревии.

Обично, на патувањата спиев кај пријателки и работен ден и ноќ додека на крајот можев да дадам отказ и потполно да му се посветам на блогерството“, истакнала Тама на својот Инстаграм и додала дека поединци постојано ѝ забележуваат поради тоа што потекнува од богато семејство:

„Моите родители ја имаа првата приватна болница во Југославија, така што вистина е дека се родив во изобилство. Но потоа, тие изгубија сè за време на војната и почнаа одново да работат и да градат нешто ново. Така што, не ми е срам што потекнувам од богато семејство, туку сум многу благодарна што моите родители ми плаќаа школување во странство.

Кога наполнив 18 години, моите родители ми ја плаќаа само школарината и ништо повеќе. Откако наполнив 21 година, не сум земала ниту едно евро од нив. Сега јас им купувам подароци и правам сè за да ги разгалам. Но луѓето постојано бараат причина за да ве омаловажат, иако тоа што го зборуваат не е ни близу до вистината“, рекла Тамара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Таа првпат открила и дека е вљубена.

„Мојот дечко е најневеројатното човечко суштество што сум го сретнала некогаш. Љубезен, полн со љубов, секогаш мисли на мене, лојален, забавен, пристоен, џентлмен, вреден, бизнисмен.“

Сè уште не го открила идентитетот на својот избраник во јавност, но се знае дека се занимава со мода и дека е странец.

Ослабела 10 килограми и го променила личниот опис: Дали знаете како изгледала најпознатата српска инфлуенсерка?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.