Трендот од 1990-те се враќа на модната сцена: Токму ваква чанта треба да има секоја жена со стил!
Мода
Овој модел го претставила познатата Кери Бредшо, а оваа година се враќа на модната сцена
По враќањето на правоаголните сандали и кратки маички, кои беа актуелни во текот на 1990-те, на ред дојдоа и овие чанти, кои биле во тренд тој период, да се вратат на модната сцена.
Станува збор за мали, правоаголни чанти, попознати и како„багет“ чанти. Тие ќе им бидат омилен моден детаљ на сите дами, велат модните експерти. Кога Кери Бредшо првпат се појавила во серијата „Сексот и градот“ со оваа чанта, настанал вистински метеж поради неа.
View this post on Instagram
Модните експерти ѝ предвидуваат еднаква популарност и оваа година.
Вистина е дека во нив речиси ништо не може да се собере, освен мобилен телефон и помал паричник, но мора да признаеме дека на секој стајлинг му даваат интересна нота и дека се просто неодоливи.
View this post on Instagram
Ќе бидат актуелни сите бои, а се препорачува да се носат со малку поелегантни комбинации.
Еве како ги носат познатите трендсетерки…
View this post on Instagram
View this post on Instagram