Погледнете како живее оваа жена која има осум деца: Ќе се изморите само гледајќи ја нејзината вечерна рутина! (ВИДЕО)

Неверојатно

Замислете си да имате осум деца! Треба да ги облечете, да ги нахраните, да ги подготвите за спиење…

За повеќето родители, подготвувањето на децата за спиење е борба, но кога имате осум деца, вклучувајќи и близнаци и тројка, работите можат да бидат малку хаотични.

Клои Данстан, 27-годишната мајка од Перт во Австралија, која има дури осум деца, ја споделила својата хаотична вечерна рутина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Имено, на возраст од 22 години, таа веќе имала три деца, по нив таа и сопругот Рохан добиле тројка, а минатата година им се придружиле и близнаците.

Зафатените родители брзо научиле да се приспособат на хаотичниот живот, а тоа значело дека мора да бидат неверојатно организирани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Оваа млада мајка, која сите деца ги добила по природен пат, на нејзиниот јутјуб-канал редовно известува за деталите од нивниот живот. Па тала, во едно видео открила дека подготовките за спиење им почнуваат уште во 16.30 часот, кога приготвува вечера за цело семејство. Во тоа време, постарите деца често помагаат да се соберат играчките, додека помалите имаат можност кратко да дремнат. По вечерата, некаде пред 20 часот, следи бањање на децата и миење заби за сите да биде подготвени за спиење.

Кога ќе легнат во кревет, следува читањето приказни. Откако станала мајка, Клои собрала повеќе од илјада книги кои се уредно распоредени на полиците.

Погледнете како изгледа нивниот живот во следново видео…

Целиот свет мисли дека шведскиот модел е најдобриот начин на воспитување деца: Сè што е дозволено кај нив, кај нас е незамисливо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.