Како кременадлите да ви бидат меки како путер: Ова е вистинскиот рецепт!
Сочно месо што се распаѓа
Пробајте го овој рецепт за најсочните кременадли
Состојки:
- 500 г кременадли
- сол
- масло
- 1 лажица ајвар
- бибер
- соја-сос
- лук
- 1 лажиче пченкарен скроб во прав
- 1 лажица јаболков оцет
- вода
Приготвување:
Исчукајте ги малку кременадлите помеѓу фолии, посолете ги и забиберете ги. Тефлонско тавче премачкајте со масло, па кога ќе се загрее, наредете ги во тавче.
Сипете малку вода и поклопете. Динстајте ги кременадлите додека омекнат. Во сад ставете оцет, пченкарен скроб, ајвар, лук и 50 мл вода.
Сето тоа убаво измешајте го за да нема грутки. Издинстаните кременадли прелејте ги со соја-сос, додајте 1 лажица ајвар и оставете ги да крчкаат уште малку за да се потпечат убаво.
Додајте го измешаниот скроб и оставете ги 2-3 минути да прокрчкаат уште малку.