Како кременадлите да ви бидат меки како путер: Ова е вистинскиот рецепт!

Сочно месо што се распаѓа

Пробајте го овој рецепт за најсочните кременадли

Состојки:
  • 500 г кременадли
  • сол
  • масло
  • 1 лажица ајвар
  • бибер
  • соја-сос
  • лук
  • 1 лажиче пченкарен скроб во прав
  • 1 лажица јаболков оцет
  • вода
Приготвување:

Исчукајте ги малку кременадлите помеѓу фолии, посолете ги и забиберете ги. Тефлонско тавче премачкајте со масло, па кога ќе се загрее, наредете ги во тавче.

Сипете малку вода и поклопете. Динстајте ги кременадлите додека омекнат. Во сад ставете оцет, пченкарен скроб, ајвар, лук и 50 мл вода.

Сето тоа убаво измешајте го за да нема грутки. Издинстаните кременадли прелејте ги со соја-сос, додајте 1 лажица ајвар и оставете ги да крчкаат уште малку за да се потпечат убаво.

Додајте го измешаниот скроб и оставете ги 2-3 минути да прокрчкаат уште малку.

Феноменални трикови за најсочно месо: Во оваа маринада месото ќе стане меко и ќе се топи во уста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.