Запознајте ја Тејана – една од најзгодните жени во светот (ФОТО)
Пејачка, текстописец, актерка, кореограф, професионална танчарка, режисерка, моделка...
Канје Вест во својот видеозапис за песната Fade, кој го објави во 2016 година, ја ангажира 29-годишната Тејана Тејлор, која им го „одзеде здивот“ на сите што го гледаат спотот.
Интересно е што пред снимањето на спотот, Тејана само што ја родила својата ќерка.
Мажена е со американскиот кошаркар Иман Шумперт. Во 2018 година двајцата имаа заедничко реално ТВ-шоу „Тејана & Иман“, кое се емитуваше 1 сезона.
Но оваа сексапилна убавица зад себе веќе има завидна кариера како пејачка, текстописец, актерка, кореограф, професионална танчарка, режисерка и моделка.