Луда теорија кружи меѓу пријателите на Бјанка Цензори: Еве зошто му дозволува на Канје Вест да ја понижува!

Што мислите за ова?

Бјанка Цензори вчера се појавила потполно гола под проѕирна дождовна кабаница и целиот свет занемел од таа глетка

Додека Бјанка Цензори облекла само проѕирен дождовен мантил, Канје Вест наметнал шаторско крило, а на лицето носел маска.

Фотографиите на кои голата Бјанка се обидува да го заштити погледот на меѓуножјето го обиколија светот, а нејзините пријатели имаат теорија зошто таа го дозволува ваквото понижување.

Имено, тие веруваат дека Канје Вест сака да му покаже на светот дека тој не е истиот човек од времето кога бил во брак со Ким Кардашијан. Познато е дека нејзе ѝ забранувал да се соблекува, велејќи ѝ дека е премногу секси и дека мора да се покрие.

Од друга страна, сега постојано ја соблекува својата нова жена Бјанка, со цел да ги одбегне приказните дека се обидува да ја претвори во новата верзија на Ким Кардашијан.

„Веројатно оди во крајност, обидувајќи се да покаже дека е комплетно различен од времето кога беше со Ким.“

Бјанка и Канје тајно се венчале во декември 2022 година, само еден месец откако тој го финализирал разводот од Ким.

Пријателите на Бјанка Цензори веруваат дека раперот манипулира со неа и дека покажува знаци на контролирачко однесување.

Тоа отишло толку далеку што Канје ѝ забранил на сопругата да користи социјални мрежи, наводно, бидејќи не сакал да ја повредат коментарите од луѓето. Од друга страна, тој на своите социјални мрежи објавува фотографии од Бјанка, на кои таа е буквално гола, и тоа во компромитирачки пози.

„Бјанка отсекогаш имала социјални мрежи и беше активна на нив – сè додека не се омажи за Канје“, рекол еден нејзин пријател за „Дејли Мејл“.

„Тој не сака таа да има социјални мрежи, бидејќи мисли ќе биде повредена ако ги чита ужасните работи што ги зборуваат луѓето. Ја убеди дека, бидејќи сега е ѕвезда, мора да остане мистерија.“

„Таа го носи тоа што тој сака да го носи, оди каде што тој сака и го прави тоа што тој ѝ го наредува, бидејќи таа навистина нема друг избор. Од негов дизајнер стана негова сопруга, што, за жал, не е платена позиција. Таа е заробена“, тврдат нејзините пријатели.

Сопругата на Канје повторно шокираше: Гола под проѕирниот мантил (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.