Славниот Џокер од гала-вечерата се упати пред кланица (ФОТО)
Најдобриот антихерој на филмското платно е најдобриот херој во реалниот живот
Хоакин Феникс (40) благодарение на маркатното толкување на улогата на Џокерот во истоимениот филм се закити со голем број награди за својата актерска изведба.
Најнова во низата е наградата штоја доби во понеделникот за најдобар актер од Американската асоцијација на филмски актери (SAG).
А веднаш по церемонијата на доделување на наградите, холивудскиот актер ѝ се приклучи на групата позната како „Los Angeles Animal Save “ пред кланица, пренесува Унилад.
Хоакин и неговите пријатели дојдоа пред кланицата за да ги утешат животните подготвени да бидат заклани и да протестираат против бруталното постапување со животните.
Повеќето луѓе не се ни запознаени со теророт и колењето во индустријата за месо и млечни производи. Сцените на среќни животни на фарма што ни ги прикажуваат на пакувањата со месо и во рестораните, сето тоа е лага“, рече Феникс.
Познато е дека популарниот актер е вегетаријанец веќе четири децении, па неговото присуство на овој настан заедно со активистите за правата на животните и не е изненадувачко.
Луѓето треба да ја дознаат вистината и наша обврска е да ја откриеме. Ние, кои бевме сведоци на вистинската состојба на нештата, ние имаме должност да ја откриеме. Затоа сум тука“, изјави Феникс.
Фото: Инстаграм
Видео: Јутјуб