Не сте пробале повкусно јадење: Фокача со тиквички

Вкусно и сочно!

Нема да ви биде доста од оваа фокача со тиквички

Состојки:
  • 250 г екстра-бело брашно тип 400 од „Жито лукс“
  • 160 мл вода
  • 20 г свеж квасец
  • малку сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 100 г крем-сирење
  • 1 тиквичка околу 350 г
  • масло

Приготвување:

1. Тиквичката се лупи и крупно се ренда, па се цеди вишокот течност.

2. Во подлабок сад се соединува млаката вода со издробениот квасец, лажиче шеќер и екстра-белото брашно тип 400 од „Жито лукс“. Добро се меша и се остава на топло да нарасне.

3. Во сад се става екстра-белото брашно тип 400 од „Жито лукс“ со малку сол. Се додаваат нараснатиот квасец, крем-сирењето и изренданата тиквичка, па се меша за да се добие изедначена смеса.

4. Плехот се обложува со хартија за печење. Хартијата се премачкува со масло и се излева преку него смесата со тиквичката, па со намрсена шпакла се израмнува.

5. Се пече во загреана рерна на 200°С, додека порумени коричката. Потоа фокачата се прекрива со друга намрсена хартија за печење и се превртува наопаку. Се пече уште десетина минути.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.