Северина не е имуна на скапите парчиња на луксузните светски брендови (ФОТО)
Со француски печат
На својот инстаграм-профил Северина Којиќ ја најави новата регионална турнеја, притоа блескајќи во необична креација на француската модна дизајнерка Исабел Марант. Станува збор за сребрен комбинезон со врвки околу половината и под градите, поради што се добива впечаток дека има карнери по целата должина.
Со скапоцената креација, поп-пејачката искомбинира чанта од францускиот бренд „ланвин“ во боја на бело кафе и салонки во истата нијанса.
Својата кратка боб-фризура за оваа пригода ја продолжи со екстензии.
Фото: Инстаграм