Пенелопе Круз во фармерки во кои ќе изгледате совршено (ФОТО)
Модата од Вудсток во новиот милениум
Папарацо-фотографите ја снимија Пенелопе Круз (45) за време на прошетката низ Венеција, каде што престојува по повод одржувањето на популарниот филмски фестивал „Мостра“.
Имено, актерката шеташе во популарните „ѕвонарки“, кои повторно се враќаат во мода, и во кратко црвено сако со копчиња во два реда под кое се наѕираше едноставна црна маица.
Ова милениумско враќање на „вудсток-трендот“ го заокружи со двобојна чанта од моднатакуќа „Шанел“ и црни сандали со дебел ѓон.
Фото: Инстаграм