Популарната Хурем како вистинска кралица на црвениот килим (ФОТО)

Актерката ги стаписа сите

Фото: Getty Images

Висока мода во Венеција

Убавата актерка со турско потекло Мејрем Узерли, позната по улогата на султанката Хурем во турската серија „Величествениот“, блесна на филмскиот фестивал „Мостра“ во Венеција, каде што се појави во улога на почесна гостинка.

Таа им покажа на своите следбеници на Инстаграм што избрала да облече за оваа свечена пригода, па имавме можност да ја видиме во гламурозен фустан, кој и’ прилегаше како на принцеза од бајките.

Раскошниот коресет-фустан го надополни со скапоцен ѓердан, додека, пак, косата и’ ја красеше елегантно венче опточено со кристали.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.