Ќе ви треба само околу еден час за да ја приготвите оваа пита, а вкусот ќе ве воодушеви
За приготвување на питата, освен младо, можете да користите и друг вид сирење по желба.
Состојки:
- 4 јајца
- 200 г брашно
- 100 г гриз
- 150 мл млеко
- 500 г младо сирење
- 1 прашок за печиво
- сол
Приготвување:
1. Пенесто се матат јајцата, па се додаваат млеко, масло и малку сол по желба.
2. Посебно се мешаат брашното, гризот и прашокот за печиво.
3. Сувите состојки се додаваат во смесата од јајца, па сето тоа заедно се меша со миксер.
4. На крајот се додава издробеното младо сирење и полека се промешува.
5. Соодветна подлабока тепсија се намрсува и се набрашнува, па во неа се сипува смесата за пита. Се рамни со шпакла и се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека порумени. Пред крајот на печењето, со чепкалка се боцка питата и се проверува дали има на неа траги од тесто, а ако нема, значи дека е готова.
6. Печената пита се остава да се олади, а потоа се сече на коцки со посакуваната големина и се послужува со јогурт или со кисело млеко.
Извор: Добра храна
Најдете уште вакви вкусни рецепти во најновиот број на магазинот „Добра храна“.