Фарфале на 4 нови начини: Фантастични јадења со пеперутки од тестенини

Четири неверојатни рецепти

Пригответе ги тестенините на некој од овие начини и уживајте во фантастичниот вкус

Ако сте љубител на италијанската кујна, фантастични јадења со пеперутки од тестенини можете да приготвите за миг. Пробајте некој од следниве 4 рецепти и изненадете ги домашните со вкусен ручек…

Запечено тесто со колбаси

Состојки:
  • 350 г фарфале (тестенини во облик на панделки)
  • една поголема главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 150 г корен од целер
  • 150 г шампињони
  • 400 мл пасирани домати
  • 4 тенки чадени колбаси
  • 200 г моцарела
  • 1 лажиче шеќер
  • босилек
  • морска сол
  • масло

Приготвување:

1. Панделките кратко се варат во солена вода, а потоа се цеди вишокот течност.

2. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, целерот се лупи и се сече на поголеми парчиња, а шампињоните се сечат на плочки.

3. На малку масло се пропржуваат црвениот кромид и лукот, а потоа се додава целерот и тој малку се пропржува.

4. Се додаваат шампињоните и се динстаат додека изврие вишокот течност. Се сипуваат пасираните домати, се додаваат шеќерот и босилекот, па потоа се вари на умерена температура десетина минути.

5. Потоа се додаваат колбасите исечкани на крукчиња, па се продолжува со варењето уште пет минути.

6. Исцедените тестенини се мешаат со сосот со колбаси. Сето тоа се става во огноотпорен сад и се прекрива со крукчиња моцарела.

7. Кратко се запекува во загреана рерна на 200 степени, додека се растопи сирењето.

Тесто со туна и фарфале

Состојки:
  • 1 мала главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици исечкан магдонос
  • 160 г туна од конзерва
  • 300 мл пасирани домати
  • 1 лажиче шеќер
  • 150 мл павлака за готвење
  • 400 г фарфале
  • 3 рамни лажици морска сол
  • 30 мл маслиново масло
  • прстофат мајчина душица
  • прстофат оригано
  • 40 г рендан пармезан

Приготвување:

1. Во тефлонско тавче на маслиново масло се пржат иситнетиот лук и црвен кромид.

2. Се додава туната, исцедена од вишокот маснотија, па и таа кратко се пропржува.

3. Се сипуваат пасираните домати, па се додава лажиче шеќер. По желба се додаваат оригано и мајчина душица.

4. Се вари на умерена температура, па повремено се меша додека се згусне сосот.

5. Се додава павлаката за готвење и се промешува, за да се измешаат состојките, па се вари уште две минути.

6. Посебно во сад се сипуваат 4 л вода, се додава морска сол и се вари додека зоврие. Се додаваат тестенините фарфале и се вари уште осум минути, додека омекнат тестенините, потоа се цедат.

7. Исцедените тестенини се ставаат во приготвениот сос.

8. Се додава пармезанот и полека се промешува. Пред служењето се наросува со исечкан магдонос.

Продолжете на следната страница за останатите два рецепта…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.