Домашен деликатес: Пита со коприва

Вкусно!

Приготвената пита можете да ја оставите да преноќи во фрижидер, па да ја испечете утредента

Вкусни закуски може да приготви секој, не насетувајќи колку е тоа едноставно и лесно! Пробајте ја оваа домашна пита со коприва.

Состојки:
  • 500 г кори од џелда
  • 500 г млада коприва
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 500 г урда
  • 400 г кисела павлака
  • 4 јајца
  • 300 мл млеко
  • 1 прашок за печиво
  • 300 мл минерална вода
  • масло
  • сол
Приготвување:

1. Листовите млада коприва се одвојуваат од стебленцата, а потоа кратко се бланшираат во солена вода, додека омекнат. Се цедат од вишокот течност и ситно се сечкаат.

2. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, па се пржи на малку масло. Се додаваат исечканиот лук и копривата, па сето тоа заедно кратко се пржи.

3. Во оладената смеса се додаваат урдата и 200 г павлака.

4. Три кори за пита се попрскуваат со масло и минерална вода и се редат една преку друга во тепсија. Се преклопува со четвртата кора, па на неа се нанесува половина од филот од коприва. Преку филот повторно се редат четири празни кори, претходно попрскани со вода и масло, па се нанесува остатокот од филот и се прекрива уште со четири попрскани кори.

5. Полнетата пита се сече на коцки. Посебно се матат преостанатата павлака, јајцата, прашокот за печиво и млекото. Се додава малку сол по желба и добро се меша. Смесата се прелева преку питата и се остава да мирува најмалку 30 минути, за да ја впијат корите течноста.

6. Се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека порумени.

Извор: Добра храна

* Купете си го најновиот број на „Добра храна“ и пробајте уште вакви вкусни рецепти!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.