Никој не сака да работи со Меган Маркл: Како главна советничка ја вработила родената мајка!

Војвотката прави што сака

Поради сопругата, и принц Хари ги губи симпатиите од јавноста

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, постојано е на мета на јавноста поради нејзиното однесување и одлуки што не им прилегаат на членовите на кралското семејство. Сопругот принц Хари, во се’ ја поддржува својата сопруга, па поради тоа и тој е се’ помалку омилен во јавноста.

Последниве месеци се пишуваше дека војвотката отпуштала советници, а поради нејзиното однесување и барања, многумина и самите дале отказ. Сега „главна советничка“ на кралскиот пар е мајката на Меган, Дорија Рагланд.

За што и да се работи, дали станува збор за послугата или некое животно прашање, крајната одлука ја потврдува Дорија. Хари ја сметал за многу мудра жена и исклучително ја почитува како мајка на неговата сопруга, па без приговор се согласил таа да им биде главен советник.

Токму Дорија е одговорна, меѓу другото, и за отпуштањето на едната од трите дадилки на малиот Арчи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.