Фарфале на 4 нови начини: Фантастични јадења со пеперутки од тестенини

Четири неверојатни рецепти

Пригответе ги тестенините на некој од овие начини и уживајте во фантастичниот вкус

Минестроне со месести топчиња и фарфале

Состојки:
  • 4 лажици маслиново масло
  • 100 г сланина
  • 2 страка целер
  • 3 моркови со средна големина
  • 2 помали млади компири
  • 1 помала тиквичка
  • 1 лажица пасирани домати
  • 100 мл бело вино
  • 300 г лупени домати
  • 2 л пилешка супа
  • 50 г црвен грав од конзерва
  • 150 г фарфале
  • сол
  • пипер

За месестите топчиња:

  • 200 г мелено пилешко месо
  • 1 помало јајце
  • 20 г пармезан
  • 2 лажици лебни трошки
  • сол
  • пипер

Приготвување:

1. Стебленцата целер се лупат и се сечат на полукрукчиња, морковите на крукчиња, компирите и сланината на коцки, а тиквичката сосе кората исто така се сече на коцки.

2. На маслиново масло се пропржува сланината да порумени, а потоа се вади и се остава да се исцеди. На маснотијата од сланината се пропржуваат стебленцата целер, па се додава морковот. Се пржи со повремено мешање додека омекне зеленчукот.

3. Се додаваат компирите и тиквичките, се налева малку пилешка супа и накратко се вари.

4. Потоа се додаваат и пасираните и излупените домати, се сипуваат белото вино и преостанатата пилешка супа, па се продолжува со варење.

5. Посебно се меша меленото месо со јајцето, пармезанот и лебните трошки. Се додаваат зачини по желба, па од добиената смеса се обликуваат топчиња со големина на орев. Се пржат на малку масло да поруменат.

6. Кога ќе омекне зеленчукот во варивото, се додаваат тестенините фарфале и гравот, се сипува малку вода, па се вари додека набабрат тестенините.

7. Пред крајот на варењето се додаваат пржените месни топчиња и сланината.

Фарфале со пилешко месо

Состојки:
  • 30 г путер
  • 100 г месеста сланина
  • 1 праз
  • 2 чешниња лук
  • 300 г кафени шампињони
  • 2 лажици брашно
  • 300 мл млеко
  • 100 мл павлака за готвење
  • 50 г исечен пармезан
  • 350 г фарфале
  • 600 г пилешко бело месо
  • 2 рамни лажици сол
  • 20 мл масло
  • прстофат мускатно оревче
  • китка магдонос

Приготвување:

1. Сланината се сече на коцки, празот на крукчиња, а лукот се пасира. Покрупните шампињони се сечат на подебели плочки, додека помалите треба да се остават цели.

2. Во сад се растопува путерот, па се додава сланината и кратко се пропржува.

3. Се додаваат празот и шампињоните, па кратко се пропржуваат, постојано мешајќи.

4. Се посипува брашно и се меша, па постепено се додава млеко и се меша со лажица додека зоврие.

5. Кога ќе се згусне сосот, се додава павлака за готвење, па се додаваат пармезанот, исечканиот магдонос, мускатното оревче и зачини по желба. Кратко се проварува, околу пет минути.

6. Тестенините фарфале се варат во солена вода ал денте, а потоа се цедат.

7. Пилешкото месо се сече на шницли, се зачинува по желба и се пропржува на врело масло.

8. Тестенините фарфале се прелеваат со сосот од печурки и се послужуваат со пржените пилешки шницли.

Извор: Добра храна

Побарајте уште вакви вкусни рецепти во најновиот број на списанието „Добра храна“!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.