Рецепт на денот: Салата капрезе

Вкусно и здраво!

Салата што ќе ве воодушеви!

Потребни состојки:
  • неколку шери домати
  • 1 поголема грутка моцарела
  • 10-15 црни маслинки
  • 10-тина листови свеж босилек
  • сол и бибер по вкус
  • 7-8 лажици маслиново масло
Приготвување:
  • Измијте ги доматите, преполовете ги и наредете ги на чинија.
  • Искинете ја моцарелата на парчиња со големина по желба.
  • Исечкајте ги маслинките и додајте ги во салатата.
  • Зачинете ја, украсете ја со босилек и прелијте ја со масло.

Оваа вкусна и здрава салата која често се служи како предјадење може да замени целосен оброк и да ја послужите како лесен ручек или вечера.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.