Јадење на годината: Целиот свет полуди по овој рецепт за бурито!

Божествен вкус!

Нема подобар оброк од ова бурито!

Верувале или не, буритото од пржен грав е официјално прогласено за најпопуларно јадење во 2018 година! Погледнете го рецептот кој ќе ве увери зошто ова јадење ја заслужило својата титула…

Потребни состојки:
  • половина главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка масло
  • 500 грама грав од конзерва
  • 1 лажичка чили
  • 120 грама сирење чедар исечкано на коцки
  • 300 грама зелена пиперка
  • 1-2 прстофат сол
  • 6 тортилји и додатоци по избор (рендан кашкавал, сечкани домати, сос салса)
Приготвување:

Загрејте масло во тавче со средна големина, па додајте исечкан кромид и пржете 3-4 минути на умерена температура. Мешајте повремено, додека кромидот не стане проѕирен. Додајте издробен лук и пржете уште минута-две.

Додајте грав, промешајте и пржете додека гравот не фати тенка „коричка“. Зачинете со чили, додајте чедар, измешајте го сето тоа и динстајте го поклопено уште 3-4 минути на умерена температура. Потоа, додајте исечкана пиперка, посолете по вкус и мешајте. Нека се крчка уште неколку минути.

Ако користите готови тортилји, загрејте ги на рингла или во микробранова печка, па ставете 1-2 полни лажици од смесата на секоја од нив. Озгора ставете додаток по избор: рендан кашкавал, сос, зеленчук… Замотајте го буритото и уживајте во феноменалниот вкус на јадењето на годината!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.