ПОТВРДЕНО: „Убавина и здравје“ веќе 10 години е на врвот!

Највлијателен магазин од сите списанија и приватни изданија во Македонија

55

Според резултатите на истражувањето на читаноста во Македонија, кое го спроведе реномираната светска агенција IPSOS, списанието „Убавина и здравје“ веќе десет години е највлијателниот магазин од сите преостанати магазини и приватни изданија во Македонија.

Со други зборови, месечникот „Убавина издравје“ е едноставно недопирлив кога станува збор за женската читателска публика, на огромна чест и задоволство на уредничкиот тим на магазинот и на издавачот во Македонија, „Колор медиа плус“.

„Убавина и здравје“ првпат се појави на нашиот пазар во јуни пред десет години, како лиценца на познатото списание за жени „Лепота и здравље“, кое го издава „Корол прес груп“ од Нови Сад. Од самото појавување на македонски јазик, списанието предизвика огромен интерес кај читателската публика, но и кај познатите компании што се рекламираат во него. Меѓу нив има голем број што се речиси десет години дел од магазинот, што го потврдува професионализмот и квалитетот на „Убавина и здравје“.

Во текот на овие десет години, „Убавина и здравје“ се менуваше, следејќи ги трендовите и тековите на модерната доба, а од пред десет месеци, премина во рацете на „Колор медиа плус“, која со новите и свежи идеи, го искачи уште повисоко на скалата на квалитетот.

Позитивните реакции на верните читатели, кои секој ден комуницираат со уредништвото преку социјалните мрежи, среќните лица на добитниците на подароците што секој месец ги обезбедуваат верните клиенти на магазинот – престижни козметички и модни брендови, кај нас, но и во светот – се највисоката награда за редакцијата на списанието и дополнителен мотив да продолжи да работи посветено и вредно на највлијателниот магазин во Македонија – „Убавина и здравје“.

Ви благодариме што не’ читате, што ни дозволувате да бидеме дел од вашиот секојдневен живот, често и од вашата интима, што не’ поддржувате и што придонесувате веќе десет години да бидеме на врвот – заедно со вас!

Ве сакаме!

Од уредништвото на „Убавина и здравје“

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време