На видео-снимката која е направена од близина и објавена од страна на бразилската владина агенција Фунаи, можеме да видиме полугол маж кој сече дрво.

Во делот од џунглата во кој е снимен, а се претпоставува дека тука и живее, има папаја и пченка.

Како што пишува „Дејли меил“ истражувачите за прв пат го здогледале во 1996 година, и оттогаш веројатно живее сам во дивината.

„Мислиме дека таму живее сам 22 години, и дека има околу 50 години и времето го поминува ловејќи свињи, птици и мајмуни со помош на лак и стрела“ – открил истражувачот кој е фасциниран од овој човек.

Иако не можел да стапи во контакт со него бидејќи тоа го забранува Фунаи, бразилската владина агенција за домородци, истражувачите сметаат дека мажот останал сам откако последните членови на неговото племе се убиени од страна на фармерите.

Поради забраната, се уште не е откриено неговото име, ниту племето на кое му припаѓал.