3 навики со кои ја уништувате вашата коса

Несвесно ги правите секој ден

824

Внимавајте на овие работи доколку сакате да имате сјајна и здрава коса

Многу често ја истураме нервозата на нашата коса. Од нервоза и стрес ја вртиме со прстите, си играме со врвовите, премногу цврсто го врзуваме опавчето… Не размислуваме дека со тоа можеме да ја оштетиме косата, и тоа сериозно и долготрајно. Поради тоа, прочитајте ги овие три совети и дознајте што не треба да правите со косата…

1. Тргнете ги прстите од косата

Ова најчесто го правиме кога сме нервозни. Ја замотуваме косата околу показалецот и тоа повеќепати. Меѓутоа, оваа навика е штетна за нашата коса. Рацете најчесто не ни се чисти, па така ги пренесуваме нечистотиите на косата., а тоа, пак, предизвикува мастење на косата.

2. Пуштете ја косата

Коњското опавче е брза фризура што остава впечаток на околината. Меѓутоа, ако секој ден ја врзувате косата во опавче, тоа може да предизвика паѓање на косата. Истото важи и ако ја врзувате косата во плетенка или пунџа. Постојаното влечење и тежината што косата мора да ја носи над челото ги оштетуваат фоликулите на косата, кои го спречуваат растењето на нови.

3. Шишањето е подобро!

Постои една поговорка што гласи: „Ако ја искубете седата коса, ќе ви израснат десет нови влакна.“ Добро е што се работи само за поговорка. Секако дека со кубењето на косата нема да го поттикнете растот на нова, напротив, ќе ги оштетите фоликулите. Ако многу ви пречат седите влакна, ишишајте се кратко.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време