Исушете го лакот за нокти за само една минута!

Само една состојка може да ви го реши проблемот!

121

Колку пати ви се случило во брзање да си ги уништите совршено налакираните нокти?

Ставете крај на овој проблем со помош на една единствена состојка од вашата кујна која ќе ви го исуши лакот за една минута и притоа ќе ја нахрани кожата на вашите раце. Можете да погодите за што станува збор?

Секако дека се работи за маслиново масло! Ставете масло во чашка за ракија, а потоа во неа потопувајте ги прстите еден по еден. Кога ќе се исуши лакот на нокти по неколку минути, истријте ја кожата околу ноктите со остатокот од маслото оставете го да делува.

Потоа намачкајте ги рацете со вашата омилена крема и уживајте во убавината на вашите нокти, но и во нежноста на вашите раце. Можете да бидете сигурни дека сте подготвени за сите понатамошни активности, без да се плашите дека ќе си го уништите лакот.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време