Овие модерни девојчиња можат да им одржат лекција и на најубавите модели!

Некои деца имаат навистина беспрекорен стил!

148

Можеби мислите дека не можете да научите многу за модата од малите деца. Се сеќавате на оној кафеав џемпер со зелени точки што мајка ви ве терала да го носите? А се сеќавате на фустанчето на девојчето од прва клупа за кое и ден денес сонувате?

Некои деца имаат навистина беспрекорен стил! Овие мали девојчиња се вистински трендсетерки во светот на децата. Парчињата облека што ги носат се толку уникатни и модерни што и самите ќе посакате да ги облечете. Станува збор за облека од луксузниот моден бренд Monnalisa.

Овие модерни девојчиња можат да им одржат лекција и на најубавите модели!

Monnalisa важи за единствениот бренд што нуди парчиња за сите прилики: Од божествени фустани, па сѐ до секојдневни парчиња облека полни со шарм. Овој бренд ги претвори девојчињата на возраст од 0 до 16 години во вистински мали диви!

Овие модерни девојчиња можат да им одржат лекција и на најубавите модели!

Кај фустаните на Monnalisa преовладуваат цветните дезени, а за девојчињата кои не сакаат да бидат принцези, компанијата нуди маички, фармерки и јакни со мотиви инспирирани од Дизни.

Компанијата е основана во Италија пред повеќе од 40 години, а нејзини продавници има во светските модните центри, како што се Милано, Рим, Њујорк, Беверли Хилс, Сингапур, Париз, Дубаи и Лондон.

Овие модерни девојчиња можат да им одржат лекција и на најубавите модели!

Доколку се прашувате дали овој бренд ќе дојде во Македонија, одговорот е не, сега за сега, но неодамна се отвори Monnalisa продавница во Белград. Па така, доколку ве води патот натаму, ѕирнете ги ултра модерните парчиња облека на кои никој не може да остане рамнодушен.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време