Засекогаш… џинс! Трендови 2018

Водечки моден тренд

460

И оваа сезона, фармерките се еден од водечките трендови. Се носат во сите можни облици, а доминираат моделите со извезени цветови, искинати рабови, па и кратки модели. Како да ги комбинирате, прочитајте во продолжение…

„Мамини“ фармерки

Овој модел фармерки високи во половината и со рамен крој се нарекува популарно „mom jeans“ затоа што го носеле нашите мајки во 1980-тите и во 1990-тите години. Денес, трендсетерките ги комбинираат фармерките со едноставни маици, долги туники или со лежерни кошули. Одлично прилегаат со сите модели на чевли – од кратки чизмички, преку патики, до сандали со висока потпетица.

Извезени фармерки

Везот е особено интересен детаљ на фармерките оваа сезона, мотивите главно се врзани за флората и за фауната, а за тоа најмногу е заслужен креативниот директор на „Гучи“, Алесандро Мишел, кој го популаризира овој тренд.

Искинати фармерки

Актуелен тренд се и фармерки со искинати и разресени рабови. Доаѓаат во неправилни облици или, пак, правилно исечени со реси чија ткаенина поминува преку зглобовите стапалото. Совршено одговараат со кратки чизмички, но и со разни модели на сандали.

Висока половина

Овој модел фармерки е најпопуларен досега. Овозможува големи можности за комбинирање, а особено радува фактот што одлично се согласува со сите модели на чевли. Добро изгледа во вечерна комбинација со високи потпетици, а преку ден можете да ги носите со лежерна маица во комбинација со мокасини или со патики.

Кратки фармерки

Заборавете на долгите фармерки и избирајте модели исечени над зглобот на стапалото. Трендсетерките ги комбинираат со лежерни блузи или кошули, а главно се одлучуваат за патики и за сандали кога станува збор за обувките.

Текст: М. Медичи

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.