ТЕСТ: Срцето што најмногу ве привлекува крие важна љубовна порака од вашето минато

Одберете срце и прочитајте ја вашата порака

419

Ако во врските постојано ви се јавуваат истите проблеми, можеби тоа е поврзано со вашиот претходен живот

Многу од предизвиците што ги доживуваме потекнуваат од нашите претходни животни искуства. Но само затоа што ви се повторува некој проблем одново и одново не значи дека засекогаш ќе страдате. Колку побрзо го разберете потеклото на тие предизвици толку полесно ќе можете да се справите со нив. Сè што треба да направите е да го одберете срцето што најмногу ве привлекува и да ја прочитате вашата љубовна порака од минатото…

Срце под број 1: Имајте доверба во другите

Во претходниот живот сте биле успешни и богати, а другите многу често знаеле да ве лажат и искористуваат до тој степен што сте западнале во сиромаштија и беда. Луѓето со кои сте биле опкружени ја искористиле вашата добра природна и на крајот ве оставиле без ништо.

Денес, многу ви е тешко да им верувате на другите. Тоа можеби предизвикало сомнежи во многу ваши љубовни врски, бидејќи сте се прашувале какви се вистинските намери на вашите партнери. Иако е мудро да не верувате во сè што ќе чуете, доаѓа момент кога не смеете да бидете премногу недоверливи, бидејќи би можеле останете сами. Немојте веднаш да ги осудувате луѓето, туку дајте им шанса.

Срце под број 2: Поставете граници

Дали сте забележале дека луѓето понекогаш ги преминуваат границите и земаат повеќе од договореното? Мора да научите како да останете доследни на своите ставови. Мора да научите како да кажете „не“ кога навистина го мислите тоа. Во минатото сте биле толку гладни за внимание и одобрување што на сите сте им велеле „да“ и сте го изгубиле својот идентитет, бидејќи сте сакале да се вклопите секаде и да се сложувате со сите.

Ваш предизвик е да поставите свои граници. Можеби нема да им се допаѓате на сите кога ќе го сторите тоа, но во спротивно ќе се исцрпите обидувајќи се да им угодите на сите и ќе ја жртвувате сопствената благосостојба. Со текот на времето нема да чувствувате грижа на совест поради тоа што не велите постојано „да“ и ќе чувствувате поголем спокој кога ќе го сторите тоа.

Срце под број 3: Не плашете се да одите напред

Во овој живот, многу ви е тешко да ги прекинете односите со токсичните луѓе и ситуации. Оваа борба потекнува од претходниот живот кога луѓето биле нагло отстранети од вашиот живот, без претходно навестување, без разлика дали станувало збор за смрт, болест, војна, неверство и слично. Многу сте биле осамени во тој живот. Во овој живот нема да ви недостасуваат здрави, топли и урамнотежени односи, па затоа во ред е да излезете од хаосот и токсичноста.

Ако не сте среќни во некоја ситуација или однос, најдобро е да излезете од таа нездрава состојба и да си дадете малку време за да заздравите, а потоа да си го отворите срцето, бидејќи ве чека многу среќа.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време