Не откривајте сѐ: 5 работи што треба да му ги премолчите на партнерот

Постојат некои ситници кои најдобро би било да ги задржите за себе

323

Ако криете нешто од вашиот партнер и чувствувате грижа на совест, тоа е јасен знак дека би требало да му ја откриете вашата тајна. Од друга страна, пак, постојат некои ситници од секојдневниот живот кои најдобро би било да ги задржите за себе…

1. Мислите дека келнерот во маалското кафуле е многу сладок

Ако во вашиот живот постои човек кој би можел да ви ја уништи врската, секако дека тој проблем би требало да го решите со вашиот партнер. Но, ако мислите дека некој маж е сладок, како на пример келнерот во маалското кафуле, тоа не мора да го признавате никому. Поставете си го следново прашање: „Што добивам јас со тоа што ќе му го откријам овој податок на партнерот?“ Најверојатно само непотребна караница.

2. Не ви се допаѓа како готви мајка му

Вреди да поразговарате со партнерот, доколку неговите родители не се однесуваат убаво со вас. Но, нема потреба да го спомнувате дека не ви се допаѓа како готви мајка му или дека татко му понекогаш е здодевен со неговите приказни од младоста. Луѓето се чувствителни кога некој ги критикува нивните родители и семејство, па затоа нема потреба да ги истакнувате овие недостатоци.

3. Мислите дека вашиот партнер не е талентиран

Тој нема баш некој талент за пеење, но му претставува големо задоволство кога ја пее омилената песна под туш. Не треба да му велите дека нема слух, бидејќи најверојатно и самиот го знае тоа. Вашето критикување само би ја зголемиле неговата несигурност.

4. Не ви се допаѓа другар му од средно училиште

Ако неговите пријатели ве одбегнуваат, навредуваат или понижуваат, тоа е знак дека мора сериозно да поразговарате со вашиот партнер. Но, ако неговите другари ви се само здодевни, внимавајте што ќе кажете. Негативните коментари би можеле да го натераат вашиот сакан да бира помеѓу вашето друштво и неговите пријатели од училишните клупи.

5. Некој ви се додворувал синоќа

Сте излегле во град со другарките и без никакви намери сте го привлекле вниманието на некој мистериозен дечко. И покрај тоа што не сте возвратиле на флертот, вашиот партнер не треба да знае дали некој ви се додворувал. Ако му го признаете овој факт, само ќе предизвикате непотребна љубомора.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време