Фантастично јадење прелиено со сос од јајца и кисело млеко

Превкусно традиционално јадење

561

Подгответе го овој прекрасен ручек за вашите најблиски

Потребни состојки:
  • 1 тегла печени пиперки
  • 100 грама сирење
  • врзоп магдонос
  • 3 чешниња лук
  • 2 прстофат бибер
  • прстофат сол
  • 2 лажици масло
  • 100 грама кашкавал

За прелив:

  • 3 јајца
  • 4 лажици кисело млеко
  • 2 лажици брашно
  • прстофат сода бикарбона
Начин на подготовка:

Извадете ги печените пиперки од тегла да се исцедат, а потоа исечете ги на ленти. Наредете ги во плех подмачкан со масло, па врз нив ставете сирење и пасирани чешниња лук. Озгора зачинете со неколку капки масло, бибер, сол и ситно исечкан магдонос.

Изматете ги јајцата со киселото млеко и сода бикарбона, па додајте брашно. Прелијте ги пиперките со оваа смеса и печете 20 минути на 200 степени во претходно загреана рерна. Извадете ги од рерна и наросете ги со изрендан кашкавал, па повторно вратете ги во рерна на 10 минути да се потпечат. Добар апетит!

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време