Десерт од печени јаболка и бадеми

205

Состојки:

1 кг јаболки излупени и исечени на парчиња

Бадеми (количина по желба), крупно сомелени

Суво грозје (количина по желба)

Приготвување:

Во огноотпорен сад наредете ред јаболка па поросете со бадеми и грозје, потоа повторно јаболки, се додека не ги потрошите.

Најгоре попрскајте со агава сируп и еден ванилин шеќер, малку сол и малку презли. Поклопете и печете на 40 минути на 180 C.

На пола печење отворете и полека измешајте (јаболките ќе пуштат од својот сок па овие кои се на дното од садот треба да се превртат за да дојдат на врвот, а овие од врвот да се најдат на дното во сокот од јаболки).

Сервирајте додека е топло.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време