Дознајте како да ги освоите најголемите заводници во зодијакот

Применете ги следниве неколку трикови и тие ќе бидат ваши

86

Скорпиите и самите се големи заводници, но можете да ги освоите!

Следниве четири хороскопски знака важат за најголеми заводници во зодијакот, но нека не ве загрижува тоа! Можете да ги освоите и задржите ако ги примените овие неколку трикови…

Рак

Раковите се емотивни и чувствителни, па затоа им треба нежен допир и длабока емоционална поврзаност со партнерот. Тие ја ценат грижливоста и ќе забележат ако правите добри дела за други луѓе. Раковите се посветени љубовници, а сексот со нив е одличен бидејќи сакаат да истражуваат. Меѓутоа, ако ги изневерите, подгответе се на жестока одмазда.

Како да ги заведете?

Можете да ги освоите Раковите со романтично, но спонтано заведување во опуштена атмосфера. Им се допаѓаат луѓе кои пленат со нивната интелигенција и се однесуваат искрено, без глумење. Интересно е тоа што машките припадници на знакот ги привлекуваат девојки во спортско издание со патики и спортски маички кои дискретно го нагласуваат згодното тело. Не им се допаѓаат арогантните девојки во скапа облека и високи потпетици.

Скорпија

Најсексуалниот хороскопски знак. Скорпиите многу често манипулираат и ги искористуваат други за да ги задоволат своите монструозни сексуални апетити. Имаат хипнотизирачка привлечност и одлични се во кревет. Единствен проблем е тоа што не можат да ги поврзат емоциите во целата приказна. Но, којзнае можеби токму вам ќе ви се посреќи?

Како да ги заведете?

Тешко е да се заведат Скорпиите со оглед на тоа што и самите се големи заводници. Сепак, шансите се поголеми доколку вашиот „плен“ сака да се поднапие. По неколку чашки алкохол, нивните бариери попуштаат и можеби ќе успеете да се претставите во најдобро можно светло. Секако дека ќе мора постојано да внимавате што ќе кажете, бидејќи ако треснете некоја глупост, Скорпиите веднаш ќе побегнат од вас.

Стрелец

По природа се разиграни и детинести. Стрелците се секогаш млади во срцето и отворени се за експерименти во креветот. Поради таквиот карактер, тие се исклучително страсни кон една личност, но многу брзо добиваат потреба за нови авантури. Доколку сакате кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор, но ако сакате врска, можеби ќе се разочарате од овој хороскопски знак.

Како да ги заведете?

Стрелците ги обожаваат нежните допири. Тие ги забележуваат луѓето кои се весели и духовити. Ако сакате да освоите припадник на знакот Стрелец, најдобро е да нападнете силно и ненадејно. Не постои Стрелец кој ќе се тргне ако се обидете да го бакнете.

Риби

Овој хороскопски знак може да ви пружи големи задоволства во физичка смисла. Рибите сакаат да угодуваат и најсреќни се кога сите околу нив се среќни. Кога ќе ја запознаат љубовта на нивниот живот, не постои проблем што нема да посакаат да го решат со секс за смирување.

Како да ги заведете?

Рибите сакаат поагресивен пристап и не сакаат да учествуваат во заводнички игри, така што бидете храбри кога ќе ги освојувате.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време