Женска колекција јакни есен/зима 2017

Женска колекција јакни есен/зима 2017

SHARE

Новата Geox линија на јакни нуди модели во урбан и спортски стил, кои несомнено се тренди и совршено го рефлектираат ритамот на модерниот свет. Комбинацијата на технологија и изглед со уникатниотиталијанскиот дизајн се стреми да постигне апсолутни перформанси и благосостојба,притоа нудејќи разновидност и женствена прецизност, дизајн кој ќе го подобри квалитетот на животот и кој одговара на секојдневните комбинации.

Колекцијата се заснова на секојдневната формалност во релаксирана и урбана средина, со смела иновација во користењето на материјалите, боите и опипливите ефекти. Палетата на бои нуди неутрални и ладни нијанси, прошарани со бежови и шеќерни  тонови. Лесни и меки на допир, јакни со практичен и есенцијален дизајн со карактеристични детали како големи крагни, металик додатоци и качулки од вештачко крзно кои сочинуваатпрефинет микс. Материјалитена спортските дизајни го подобруваат моделот со вметнување на волна и фланел мешавина во внатрешноста на парчето и на надворешните детали од поставените јакни.

Лежерната колекцијата црпи инспирација од природата, пејзажите, реинтерпретирајќи ги типичните карактеристики кои треба да ги содржи надворешната облека во високофункционален и софистициран концепт на удобност. Колор палетата се концентира околу боите на шумите и дрвјата, со нијанси на зелено, сино и „каки“. Парките со „прашестефект“ имаат иновативна топлинска постава исе надополнети со меки качулкиод вештачко крзно.

Во лежерната линија, модните трендови се среќаваат со вредностите на заштита, удобност и слобода во движењето кои ќе го олеснат соочување со зимската сезона која следи. Женственоста и технологијата се спојуваат во иновативни комбинации на ткаенини и специјални финиши, парчиња со ватирана поставаи високи перформанси. Јакните се поставени со пердуви и разубавени со сјајни додатоци и вештачки крзнени крагни кои дополнително ќе ве заштитат и затоплат. Колор палетата содржи интензивни нијанси на црна, сива и црвена.

Технолошката извонредност на GEOX се пренесува во целост со NEBULA проектот кој ни претставува нови дизајни за постудените месеци: јакната е изработена со ексклузивна еластична ткаенина со еко-ватираност, интегрирана со револуционерниот 3Д-систем на „дишење“, дизајниран да осигура највисоки стандарди на удобност и природна вентилација. Долгата парка и кратката „бомбер“ јакна се со чисти линии, изразувајќи техничка супериорност преку динамичниот, практичен и современ стил – идеален за секоја пригода во денот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор