Која дама подобро го носи: Блејк Лајвли и Мишел Обама во ист...

Која дама подобро го носи: Блејк Лајвли и Мишел Обама во ист фустан

SHARE

Холивудската актерка Блејк Лајвли и се’ уште актуелната прва дама на САД, Мишел Обама, се случи да носат ист фустан. Станува збор за фустан на преклоп од колекцијата „Ресорт“ на познатата дизајнерка Дајан фон Фурстенберг, кој што чини околу 450 евра.

blejkmishelБлејк Лајвли овој колор блок-фустан го носеше прва, во јули годинава, додека се’ уште беше бремена со второто дете. Актерката го искомбинира фустанот како наметка врз фустан со сини светки од истата дизајнерка, а аутфитот го надополни со светкави потпетици.

Мишел Обама фустанот го носеше неодамна за време на официјална посета на Хаваи. Нејзиниот изглед беше едноставен, но доволно елегантен за прва дама. На нозете носеше рамни сандали.

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор