Во ноември, во чекор со времето – проејџинг!

Во ноември, во чекор со времето – проејџинг!

SHARE

Времето тече, времето лекува сѐ, опасен е забот на времето, се фаќаме и во коштец со него… Времето се менува, и ние со време, за среќа или за жал?! Времето е еден од ретките поими што секојдневно ги употребуваме, но не можеме прецизно да го дефинираме, а не сум сигурна и дека можеме да го разбереме. Часовникот на раката или календарот, тие му даваат смисла на времето, затоа што ние во некој момент сме одлучиле да го мериме. Денес времињата се променија, денес е најважно да не задоцниме: на состанок, на работа, на авион, да се омажиме, да родиме деца… Но, ние, овој ноември сме ви анти&про ејџинг расположени и веруваме дека никогаш не е доцна! Ве каниме да одвоите малку време за уживање со вашиот омилен женски магазин и шолја „Франк“ капучино. Во секој број за нашите читателки подарок капучино: класик, ајриш крем, ванила, кокос со бело чоколадо или ванила! А за најсреќните, изненадување – високо квалитетна швајцарска формула од шампонот Revalid на „Ево-фарма Македонија“

Рис Витерспун – „Ако не ве почитуваат и не ви дозволуваат да се изразите во кој било сегмент – љубовен, деловен или пријателски – бегате од тој однос“

Зошто годините не престанат конечно да бидат ограничување за успех и за сништа?Ние не сме против употребата на коензимот Q10, хијалуронот или на која било друга супстанција што може да ни помогне да изгледаме посвежо и помладо. Напротив, ние сме првите што ќе ве поддржат во напорите да го уредите својот животен стил така што подолго време ќе останете витални и помлади, а во овој број ви нудиме низа козметички иновации и богати формули кои ќе ви помогнат во тоа. Но, сметаме дека не треба да бидеме опседнати со идеалот за младоста и физичка убавина, во нашиот фокус е феноменот – успех, стил, убавина секогаш!

Прашавме наши четири, прекрасни, познати дами чија работа е поврзана со изгледот, младоликоста и кондицијата, како гледаат на времето што минува, како ја дочекаа 40-та и што им донесе таа? Ви откриваме: Ирена Спировска, Наташа Мешковска, Ивона Талевска и Верче Пандиловска ќе ве инспирираат, како и нашата воведна Велнес-тема или најновиот поглед на прашањето како да не се чувствуваме старо и уморно на 30, 40, 50… Следниот пат кога ќе ви каже лекарот: „Тоа е нормално, доаѓа со годините“ ќе кажете НЕ!

„За голем број од симптомите на стареење можат да се најдат причинители на кои можеме да влијаеме!“ Д-р Френк Липман е експерт за функционална медицина, а негови пациенти, меѓу другите, се и Гвинет Палтроу и Меги Џиленхол

Да, и во сегментот „Животен стил“ потврдуваме – никогаш не доцна! За амбиции, соништа, но и љубов! Нашата соработничка од тимот експерти м-р Снежана Апостолова, поранешен модел, а денес психолог, долги години живее и работи во Лондон, а ни ги откри деталите од совршената венчавка во Западен Сасекс со нејзиниот избраник Андру.

А да ви кажеме нешто што искрено, нема потреба да остане меѓу нас  😉  – време е за новата доба во поглед на жената и сексот! Во нашите „секс-мудрости“ ве посетуваме на жените што помогнаа во нормализацијата на нашите желби.

„Љубовта е основа за вистинска сексуална комуникација. Колку се посилни емоциите, толку е поинтензивен и оргазмот“

Мода! Времето е толку неважно кога зборуваме за стилот, токму спротивното, во модата најчесто се употребува терминот БЕЗВРЕМЕНСКИ! Уживајте во нашата визија за апдејтувана верзија на ретро-гламурот, практичниот моден прирачник за капути и јакни, проверената класика и арт деко стилот како инспирација за Моника Коцарева!

Фотографија: Александар Велов Модна уредничка: Магдалена Медичи Модел: Ивана Гелева, модна агенција „Подиум“ Локација: кафе-бар „Интермецо“

Нашата уредничка на ubavinaizdravje.mk, Бојана Стојменовиќ не поведе на прекрасно патување во Будимпешта и сподели многу практични совети преку кои ако ги следите, ќе можете максимално да ја доживеете кралицата на Дунав за само 48 часа.

„Улиците се чисти, секаде се поставени канти за отпадоци, жолти лисје никаде нема да згазнете и покрај мноштвото зелени површини, луѓето се љубезни, храната е вкусна… Бадијала не била престолнина на унгарското кралство!“

Јелена Томашевиќ ни ги открива нејзините бјути-тајни, ги ставивме „Герлен“ иновациите под лупа, ви ги откриваме парфемите за добро расположение или нашиот „Мирис на оптимизам“, „НИВЕА“ во специјал ги препорачува најдобрите производи за нега против стареење, а „Орифлеим“ нивниот пат до блескава кожа…

И да завршиме со пораката на нашата сцена-личност, Кејт Винслет: „На училиште ме малтретираа и ме нарекуваа плачка. Подоцна агентите ми велеа дека не сум тоа што го барале. Но не ги заклучив моите сништа – не се откажав. Мора да сте неуништливи за да го правите тоа што го сакате и да верувате дека вреди. И тогаш, еден ден ме избраа за Роуз во ‘Титаник’.“

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор