Есенско мени: Здрави залачиња поволни за слабеење

Есенско мени: Здрави залачиња поволни за слабеење

SHARE

Есента ни носи многу вкусни плодови кои освен што ќе ни ја наполнат кујната со мириси, можат да бидат исклучително корисни за здравјето, а особено за симнување на килограмите.

zdrava hrana

Така на пример, костените имаат во себе прилично витамин Ц што инаку не е карактеристика на јаткастите плодови. Освен тоа, изобилуваат со скроб кој може да биде голем енергетски потенцијал, а масти речиси и немаат, па им се препорачуваат на сите кои сакаат да се заситат и да ги избегнат нездравите грицки.

Тиквата e второ чудо на есента кое често го нарекуваме и кралица на есента, и тоа со право, затоа што има само 28 калории на 100 грама. Тиквата е полна со сложени јагленохидрати кои ќе го одржуваат нивото на шеќер во крвта, а бета каротенот и витамините Б, Ц и Е ја прават одлична за здравјето. Тиквата може да остане свежа и до една година, а ако ја испечете во рерна ќе добиете брз и здрав оброк што не дебелее.

Прокељот има само 43 калории на 100 грама, а освен тоа има и единствен состав на нутриенти – фолна киселина, калциум и магнезиум, витамини А, Б и Ц.

Други намирници кои не смеете да ги прескокнете оваа есен се шипките и калинките кои се полни со антиоксиданси кои го штитат организмот од слободните радикали, а освен тоа изобилува со влакна и со фолна киселина. За сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, шипките се одлични зашто ја намалуваат можноста за таложење маснотии во организмот, а се препорачува да се да се јадат свежи.

Мандарината е чудотворна за вашата кожа зашто ја прави свежа и блескава. Изобилува со калциум, магнезиум, калиум и цинк, витамини Б и Ц, а познато е дека витаминот Ц го забрзува топењето на маснотии во телото и помага во производство на Л-карнитин, забрзувач на метаболизмот кој дополнително ги согорува мастите.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор