Пеколот ја натера да направи нова песна (ВИДЕО)

Пеколот ја натера да направи нова песна (ВИДЕО)

SHARE

Атрактивната пејачка Теа Трајковска ја немаше подолго време, но со причина.

Таа периодов заедно со својот тим го доработуваше својот „Пекол”, кој е всушност создаден од пред две години.

Станува збор за нејзината најнова песна која носи наслов „Пекол”, на која како автори на текстот се потпишуваат Магдалена Цветковска и токму Теа, а пак, музиката и аранжманот ги изработија вештите раце на хит-мејкерот Лазар Цветковски.

„Пекол” се случи во едни пеколни времиња за мене, и поради тоа со мојот продуцент Лазе ја именувавме така. Сепак, пораката на самата песна е позитивна, а насловот совршено си залепи со текстот. Песнава ја имаме веќе две години, но со мојот тим сметавме дека не и беше вистинското време за неа, па сега кога пеколот заврши решивме да ја поклониме на публиката со оптимистичка мисла – вели младата пејачка.

За новата песна, Теа има и лирик-видео, кое го изработи Дарко Видановски.

Погледнете, слушнете и уживајте:

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор