Изложба на инсталации на студенти од ФЛУ

Изложба на инсталации на студенти од ФЛУ

SHARE

На Факултетот за ликовни уметности, објект Атељеа, студентите на вајарство се претставија со изложба на инсталации како дел од проектот  Креативно гледање низ просторот, финансиран од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

DSC_3213

Инсталацијата како изразност примарно  го користи тродимензионалното обликување и таа има силна и нераскинлива врска со скулптурата. Како практика се појавува и во првата половина на ХХ век но официјално е признаена како жанр  некаде во шеесетите години на ХХ век.

DSC_3164

„Discrimination box“ на Горазд Христов, студент на 3 година

Според професор Гоце Наневски, реализацијата на овој проект е дел од стратегијата на ФЛУ за имплементирање на современите уметнички практики и протоколи, а студентите кои го реализирале ова истражување имале можност комплексно да се судрат со предизвиците на инсталацијата од неколку различни аспекти.

DSC_3161

„Затишје пред бура“ на Филип Новески, студент на 4 година  

Во реализацијата на проектот учествуваа студентите Горазд Христов, Филип Новески, Стефан Нешковиќ, Антонио Пирковски, Ѓорги Стојановски, Ангела Ѓонческа, Љупчо Спасески, Цветан Јандревски, Методија Јосифовски и Филип Ивановски.

DSC_3098

„Чекори“ на Стефан Нешковиќ, студент на 3 година

Ментори на проектот се професорите Гоце Наневски, Славица Јанешлиева Бачварска и Беди Ибрахим.

 DSC_3141

„Темна илуминација“ на Љупчо Спасески, студент на 3 година

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор