Емилија Розман по загубата на татка си: „Не губете надеж, добрите луѓе...

Емилија Розман по загубата на татка си: „Не губете надеж, добрите луѓе се тука некаде!“

SHARE

Нашата популарна манекенка и убавица, која освои голем број интернационални титули на светските избори на убавина, Емилија Розман, неодама, за голема жал, го загуби татка си. Болката на семејството е голема, но убавата Емилија објави статус со кој докажа дека не ја загубила вербата во добрите луѓе, светот, и во животот.

„Вчера, брзајќи да стигнеме на настанот ‘Даруваме од срце’ во ‘Сити мол’, стававме некои работи во кола и ми испаднал телефонот од џеб. По низа настани периодов, не можев да сфатам зошто цело време ми се случуваат такви работи, особено во моменти кога сакаш да направиш нешто добро за други… Прво мислев дека ми е украден затоа што ја превртевме цела продавница и кола, за подоцна да ми се јави Aleksandra Aleks Kostoska дека го нашле телефонот на улица и веднаш да ми го врати. Телефон како телефон, ќе се купи нов, но во него ми беа сликите од последните денови со татко ми. И затоа сакам јавно да и се заблагодарам, премногу ми значи… Посакувам на светот да има повеќе луѓе како неа. Не губете надеж, добри луѓе се’ уште постојат и секогаш се тука некаде“, порача Емилија на својот фејсбук-профил.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор