Тони Цетински прегази човек: Исповед на синот на жртвата

Тони Цетински прегази човек: Исповед на синот на жртвата

SHARE

Популарниот хрватски пејач Тони Цетински (48) во петокот попладне го прегазил Ибрахим Кевљанин (62) на улица во Ровињ, по што овој починал. Синот на жртвата, Адис, кој живее во Австрија веќе 17 години, проговори за смртта на својот татко.

„Ми рекоа дека Тони го прегазил татко ми додека стоел, а не лежел на патот, како што поединци тврдеа за да го заштитат пејачот. Цетински во Ровињ го паметат по брзото возење, а има и видео на Јутјуб на кое ита по истата улица каде што го уби татко ми. Возев по оваа фатална улица, одлично ја познавам и знам дека секогаш треба да се биде внимателен,  бидејќи тука постојано некој ја минува пеш“, изјавил синот на прегазениот.

Адис додава дека Цетински се’ уште не му се јавил по несреќата, а тоа не го направиле ниту адвокатите на пејачот.

„Да е човек, ќе го завртеше  мојот број, барем за да ми изрази сочувство… Тој дури и не се осмели да ми се јави“, вели натажениот и навреден Адис, кој пред осум години имал тешка операција  на срцето и дневно пие по 14 таблети. По оваа семејна трагедија, неговата здравствена состојба значително се влошила.

Адис со својот татко Ибрахим во Ровињ живеел речиси 20 години, а трагедијата да биде поголема, пред неколку години во сообраќајна несреќа го загубил и својот брат Харис. Ибрахим, вели Адис, по загубата на синот почнал да пие и тој татка си последен пат го видел во август годинава.

Тој се надева дека во среда ќе пристигне во Ровињ, затоа што тој ден е закажалн  погребот на неговиот татко.

„Се надевам дека моето уништено срце ќе може да го издржи сето ова“ ,  додал Адис.

Истарската полиција сè уште ги утврдува сите околности на несреќата. Телото на жртвата било префрлено на обдукција, а по несреќата беше откриено дека Цетински, кој бил зад управувачот на својот „мерцедес” не бил во алкохолизирана состојба.

Адвокатката на пејачот во саботата објави соопштение во име на својот клиент, во кое изрази сочувство до семејството на починатиот.

„Скршен од овој трагичен настан, г-дин Тони Цетински изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот и ги моли медиумите да не пренесуваат неточни и непроверени информации за трагичниот настан во кој самиот се најде, а кои се штетни не само за него и неговите семејство, туку директно влијаат во овие тешки и болни денови и врз семејството на починатиот“, меѓу другото стои во соопштението на адвокатката на Цетински.

Инаку, и поп-пејачот Фејсбук сподели два статуса, еден со песната „Ако“, а другиот статус им го посвети на пријателите.

„Пријатели. Се борат за тебе. Те почитуваат. Те дружат. Те охрабруваат. Ти требаат. Те заслужуваат. Стојат до тебе“, напиша пејачот.

Прочитајте и: Трогателно писмо на Тони Цетински упатено до Тоше Проески

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор