Од каде и кога се појавиле популарните „мачкести“ очи

Од каде и кога се појавиле популарните „мачкести“ очи

SHARE

Ајлајнерот, кој игра главна улога во креирањето на овој тренд во шминката, е познат во индустријата за убавина уште во далечното минато. Ретки се дамите што го немаат пробано овој „look. Идеален е за постигнување совршен изглед кој ги истакнува очите. Некои дами го користат само за посебни свечени пригоди, други во секојдневјето… Од црвениот тепих до уличниот стил – ајлајнерот е идеален додаток на секоја жена!

Прва во светот која го прослави овој начин на шминкање е Клеопатра, кралица на Египет. Таа секој ден нанесувала дебела линија на очните капаци за да ја заштити од сонце и „зло“. Во античкиот Египет, мачките се сметале за симбол на убавина, грационост и заштита, па заради тоа оваа техника и инспирирана токму од нив.

Изгледот „мачкести очи“, како што е познат денес, настанал во текот на 50-тите години на минатиот век. Со пристигнувањето на ајлајнерот, на жените им било полесно да исцртаат линија која била малку крива во надворешниот агол на окото. Брижит Бардо и Мерлин Монро обожавале вака да го нанесуваат ајлајнерот, што се гледа и на голем број нивни фотографии.

Во следната деценија, ајлајнерот почнал да се користи многу често,  жените го нанесувале во вид на длабока линија на горниот капак и само еден дел на долниот дел. Токму 1970-тите години, девојките со овој изглед почнале да ставаат и вештачки трепки, кои дополнително им ги истакнувале очите. Претставници на таквиот изглед биле супермоделот Твиги и пејачката Дајана Рос.

Денес потојат илјадници туторијали кои ни помагаат да станеме професионалец во креирањето на овој изглед, бидејќи оваа техника успеа да си ја задржи својата голема популарност и да го разубавува нашето лице. Доколку сакате и вие да станете професионалец во креирањето на мачкест поглед, кликнете ТУКА.

Текст: А. Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор