Емина Јаховиќ: „Генерално, во огледалото гледам среќна жена“

Емина Јаховиќ: „Генерално, во огледалото гледам среќна жена“

SHARE

Шармантната пејачка Емина Јаховиќ, која летово објави три нови песни, истакнува колку е важно да се работи на својот изглед однадвор и однатре – и да не се запостави ниту еден од тие два сегмента.

На кој начин го негувате лицето?

Го користам секој слободен миг кожата да ја одморам од шминката. Употребувам квалитетни производи, омилен козметички бренд ми е Kiehl’s, кој на сите им го препорачувам. Секој ден користам пилинг за лице Sisley.

Кого гледате кога ќе се погледнете во огледало?

Зависи од расположението. Некогаш сум презадоволна од она што го гледам, а некогаш си наоѓам илјада мани. Генерално, гледам една среќна жена.

Ваш рецепт за нега на телото…

Одамна научив дека за комплетна и вистинска нега, мора да се тргне однатре. Секое утро пијам чаша топла вода со цеден лимон, и многу ми годи. Освен тоа, двапати неделно применувам посебен „третман“, кој трае 15 дена – на празен стомак консумирам напивка од свеж магдонос, топла вода и половина лимон. Тоа прави чуда за метаболизмот, помага во исфрлување на отровите и кожата едноставно блеска. Брз и лесен детокс, достапен за сите.

Кои производи за шминка беа дел од вашиот несесер, а што има во него денес?

Отсекогаш во несесерот што секогаш го носам со мене се наоѓаат пудра, маскара и сјај за усни, затоа што се доволни за инстант разубавување. Во тој асортиман додадов и кармин, за вечерно излегување.

Најкорисен совет за разубавување што сте го усвоиле од професионалците…

Помалку е повеќе!

Како и колку имате работено на самодовербата? Во која мера надворешниот изглед влијае врз неа?

Важно е да се работи на изгледот, се разбира, но за самодовербата ми беше важно да поработам однатре. Ако запоставам кој било од тие два дела, не се чувствувам добро.

Како гледате на стареењето? Применувате ли тактики против стареење?

Стареењето ниту можеме да го спречиме, ниту треба да го спречуваме. Важно е само да се негуваме, бидејќи негувана жена е секогаш убава, без разлика на годините. Постојат третмани што ги применувам со години, а омилен ми е Hydra Facial.

Имате сопствена линија на парфеми и други козметички производи. Од каде идејата да зачекорите во тој свет?

Парфемите отсекогаш беа мојата страст, покрај музиката и модата. Мојот брат Мирсад, поради кошарката, патуваше низ светот и секогаш ми носеше парфеми. Со години мечтаев да направам нешто што ќе мириса поинаку од сето она што имам почувствувано досега и – сосема случајно – запознав луѓе што се занимаваат сериозно со производство на парфеми. Тоа беше знак за мене дека дефинитивно треба да тргнам да работам на тоа. Прво го направив Closer, потоа две години работев на парфемот Closer Swan City и на козметичката линија Loud. Сега, речиси две години подоцна, дојде време за нови производи.

Со што се раководите кога избирате мирисни ноти?

Ги купувам парфемите на големите брендови штом ќе излезат на пазарот – сакам да бидам во тек со случувањата во светот на парфемите. Потоа размислувам каква е жената што ќе мириса на мојот парфем, како сакам да се чувствува таа. За Closer инспирација ми беше среќна жена, а за Closer Swan City жена што знае што сака и како да го постигне тоа. Козметичката линија Loud има четири мирисни ноти, кои се викаат Love, Kiss, Dance и Smile – самите имиња кажуваат сè.

Како ќе мириса вашиот следен парфем?

Новиот парфем ќе биде сосема поинаков од досегашните и сигурна сум дека ќе го обожаваат жените.

Што е клучно во изработката на козметичките препарати Loud?

Многу сум горда на Loud. Максимално му се посветувам на она што го работам, но мислам дека во козметичката линија дадовме и повеќе од тоа. И на самата амбалажа работевме долго. Ми беше важно производите, иако имаат достапни цени, мирисаат и изгледаат скапоцено – секоја жена да ги носи со гордост. Секој од мирисите е мошне лесен и свеж, но и долготраен.

Како ја одржувате кондицијата?

Секој ден вежбам барем 45 минути. Тренингот стана мој животен стил, не го доживувам нешто што е морално, туку нешто во што уживам. На тој начин ја исфрлам негативната енергија, ги полнам батериите и подготвена сум за нови предизвици. Комбинирам разни видови вежби – понекогаш сама, понекогаш со тренер. Кардио, но и вежби за снага и за издржливост.

Дали практикуваме некој посебен режим на исхрана?

Обожавам да готвам и да јадам, и многу ми е тешко да се откажам од храната што ја сакам. А многу сакам чоколадо, тоа ми е најголемиот порок. Благодарение на тренинзите, не мора да ги бројам калориите, но не си дозволувам да претерувам често. Појадокот ми се најкалоричниот оброк во денот. Комбинирам јајца, сирење, јаглехидрати, а во последно време, често јадам и авокадо. Кога почнувам со квалитетен појадок, немам напади на глад во текот на денот, а ги трошам сите калории што сум ги внела.

МОИ ФАВОРИТИ:

Пилинг за лице: Sisley

Маскара: Eyes to Kill by Armani

Козметика: Kiehl’s

Кармин за усни: Yves Saint Laurent

Пудра: Armani Luminous Silk

Текст: „Убавина и здравје“

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор