Совет на денот: Претворете ја бањата во релаксирачка оаза

Совет на денот: Претворете ја бањата во релаксирачка оаза

SHARE

Сакате да ја средите бањата во вашиот дом, а немате пари за реновирање? Набавете неколку згодни дреболии и, со малку труд и многу волја, претворете го тоалетот во свое катче за опуштање.

Старите и излижани крпи тргнете ги во плакари, а изложете неколку нови кои може да ги најдете по поволни цени. Можете да се одлучите за црно-бели крпи, оние со морнарски мотиви или за комбинации со живи бои.

На пазар можете да најдете винтиџ-рамка, да ја пребоите и да ставите во неа големо огледало. Ако не пронајдете рамка, на обично огледало можете да додадете украсни налепници за ѕид со разни пролетни мотиви.

Купете нови чаши за четките за заби и нова сапониера. Во поголемите центри сигурно ќе ги најдете по поволни цени.

Разубавете го амбиентот со свеќи и мали вазни со цвеќе. Со убава средена бања сигурно и утринското средување за на работа ќе ви биде вистинско задоволство.

Одберете некоја интересна завеса за туширање чиј дезен ќе го усогласите со крпите за бришење, плочките…

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор