Рецепт на денот: Полнети суви кајсии во сланина

Рецепт на денот: Полнети суви кајсии во сланина

SHARE

Состојки:

  • 150 г тенко сечена сланина
  • 200 г суви кајсии
  • 100 г горгонзола
  • стапчиња за раженчиња
  • масло

Приготвување:

1. Сувите кајсии се потопуваат во топла вода и се оставаат да омекнат. Потоа се цедат.
2. Горгонзолата се сече на коцкички.
3. Исцедените кајсии се засекуваат по средината, а потоа во секоја се става по една коцка од сирењето.
4. Потоа се виткаат во листови сланина и се боцкаат на стапчињата.
5. Во тава се загрева малку масло, па се спуштаат во него нанижаните кајсии во сланина. Се пржат од двете страни додека  заруменат. Се вадат од стапчињата и се послужуваат.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор