Рецепт на денот: Корпички со туна

Рецепт на денот: Корпички со туна

SHARE

Состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 3 моркови
  • 250 г туна
  • 2 дл павлака
  • 0,5 дл бело вино
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици путер
  • 1 јајце
  • мешавина од зачини, црн пипер

Приготвување:

1. Морковот се сече на парченца, а туната се вади од конзервата и се цеди од вишокот зејтин.
2. Во тефлонска тава се топи путерот, се додава морковот и се пржи додека не омекне. Потоа се додаваат павлаката, белото вино, зачини по желба, се става малку брашно и се вари постојано мешајќи додека смесата не се згусне. Филот се остава да се излади.
3. Лиснатото тесто се развлекува на дебелина од 0,5 см, а потоа со тркалезни калапи се вадат кругови. Со помал калап од добиените кругови се прават обрачи.
4. Рабовите на секој круг се премачкуваат со белка, па одозгора се лепи обрачот. Во средината од секоја корпичка се става прстен од фолија за да не се деформираат при печењето.
5. Соодветна тепсија се обложува со хартија за печење, се редат приготвените корпички и се печат во загреана рерна на 200 ºЦ додека не поруменат.
6. Печените корпички се полнат со приготвениот фил.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор